за БИЗНИС БИРО

БИЗНИС БИРО ДООЕЛ е компанија основана во 1996 година

Нудиме услуги од областа на сметководствената евиденција, даночни услуги за правни и физички лица, пресметка на плата, контрола на различни активности, регистрација на фирми и сѐ што е потребно за успешно започнување на бизнис, во согласност со законските прописи и стандарди, професионално, одговорно, доверливо.

Со деловни единици во Скопје и Битола, соработуваме со мали и средни компании од областа на производствените, трговските и услужните дејности.

За обработка на деловната документација и управување на сите бизнис области и функции во субјектите, користиме професионален сметководствен софтвер кој е редовно надоградуван со сите законски промени.

За успешна имплементација на Законските прописи, активно присуствуваме на семинари и обуки од областа на финансиското сметководство, финансиите, меѓународните сметководствени стандарди и меѓународните стандарди за финансиско известување, даноците, трговското право, работните односи.

Согласно законот за вршење на сметководствени работи, на 23.06.2017 година нашата компанија се стекна со лиценца за вршење на сметководствени работи и е евидентирана во Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија.

Започни со користење на нашите услуги

Пополнете ја формата со потребните податоци и ќе бидете контактирани од наша страна.