Нови стапки на данокот на личен доход согласно Законот за изменување и дополнување на личен доход

Со Законот за изменување на законот за данокот на личен доход (Службен весник на РСМ бр.275 од 27.12.2019 година) од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2022 година НЕМА да се применуваат стапките по кои во 2019 година се пресметуваше и плаќаше данокот на доходот за следните видови на доход:

  • Доход од работа,
  • Доход од самостојна дејност,
  • Доход од авторски и сродни права,
  • Доход од продажба на сопствени земјоделски производи,
  • Доход од права од индустриска сопственост,
  • Доход од закуп и подзакуп,
  • Доход од капитал,
  • Капиталните добивки,
  • Доход од осигурување и
  • Друг доход

Пресметката и плаќањето на данокот на доходот за 2020, 2021 и 2022 година ќе се врши по стапка од 10%, за следните видови на доход:
[table id=10 /]

Со измените и дополнувањата на законот како предмет на оданочување се специфицира остварена капитална добивка од продажба на удел во инвестициски фонд. Одредбите за нивно оданочување заедно со одредбите за оданочување на каматите од орочени депозити и капиталните добивки остварени од продажба на хартии од вредност, ќе стапат во примена од 1 јануари 2023 година.
[table id=11 /]

Аконтациите на данокот на доход по одбивка се пресметуваат и плаќаат според стапката што важи на денот на исплатата на доходот, освен данокот на доход по основ на плата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот кој ќе се пресметува и плаќа според стапката и даночното намалување што важат за месецот за кој се пресметува и исплатува платата, надоместок на плата, пензија и исплата по основ на деловна успешност на работодавачот.





error: Содржината е заштитена.