Од 01.12.2020 се започна со поднесување на Барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за месец ноември 2020 година БФП-ИП/2, а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат Барање за финансиски средства БФС-СВД/2.
- Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот e-Даноци (e-ТАХ)
- Барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот e- ПДД.
Барањата може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.