Проверка на годишна даночна пријава за 2020 година

Годишните даночни пријави за 2020 година може да се проверат преку корисничкиот профил на „е-Персонален данок“ .
Најдоцна до 31/05/2021 година потребно е да се изврши потврда или корекција. На 01/06/2021 година Годишните даночни пријави ќе добијат статус – конечни. Доколку пријавите не се потврдени или корегирани истите ќе бидат потврдени службено. Корегираните Годишни Даночни пријави ќе бидат разгледани и одлучени од службено лице на Управата за јавни приходи, а доколку службеното лице не ја одобри корекцијата на Годишната Даночна пријава ќе се донесе Решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.