Од денес започнува мерката “МОЈ ДДВ” – враќање на 15% од ДДВ на граѓаните

Апликацијата МојДДВ е достапна за симнување преку следниот линк МојДДВ.

Сите граѓани кои се регистрирани на системот “е-Персонален данок“, преку апликацијата МојДДВ ќе имаат можност да гo скенираат баркодот од фискалните сметки и да го остварат правото на поврат на 15% од износот на платениот ДДВ.

Граѓаните кои не се регистрирани за да го остварат правото на поврат на ДДВ, потребно е да се регистрираат на системот “е-Персонален данок”.