Финансиска поддршка за исплата на плати за ноември 2020

Од 01.12.2020 се започна со поднесување на Барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработените за месец ноември 2020 година БФП-ИП/2, а физичките лица кои вршат самостојна дејност поднесуваат Барање за финансиски средства БФС-СВД/2.

  • Барањата БФП-ИП /2 се поднесуваат преку системот e-Даноци (e-ТАХ)
  • Барањата БФС-СВД/2 се поднесуваат преку системот e- ПДД.

Барањата може да се поднесуваат заклучно со 10 декември 2020 година, а Управата за јавни приходи ја потврдува комплетноста на барањето во рок од 3 дена од денот на поднесувањето.