15 Јануари – Краен рок за поднесување на пријава за регистрација за ДДВ

Даночните обврзници кои во претходната календарска година оствариле вкупен оданочлив промет од вршење на стопанска дејност повисок од 1.000.000 денари имаат обврска да поднесат Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01) најдоцна до 15 јануари 2019 година.

Во истиот рок, даночните обврзници кои оствариле промет понизок од 1.000.000 денари може доброволно да се регистрираат за целите на данокот на додадена вредност со поднесување на Пријава за регистрација за целите на данокот на додадена вредност (образец ДДВ-01).

Даночни обврзници за ДДВ можат да бидат сите правни и физички лица, како и здружувањата на лица кои вршат оданочив промет од извршување на стопанска дејност.

Пријавата ДДВ-01 може да се преземе преку веб страницата на УЈП (http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/189) и истата може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на УЈП (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат http://etax.ujp.gov.mk.